Категории

Фризерското студио Станче е добитник на престижна награда на натпреварувањето во Белград!

Современиот салон за мажи „Фризерско студио Станче“ покрај многубројните успеси и големиот број на редовни клиенти кои го посетуваат за обликување на својата фризура и брада, се закити со уште едно престижно признание, 4. место во натпреварувањето по правилата на Светската фризерска организација ОМЦ во Белград.


Тоше Кипријанов успеа да освои 4. место на ова натпреварување во голема конкуренција покажувајќи го своето знаење и техниките на своите вешти раце.

За квалитетот и успешноста во работата на „Фризерското студио Станче“ покрај големиот број награди, говорат и лојалните клиенти за кои прв и единствен избор е токму ова фризерско студио.