Kога ќе се спомене Париз, многумина веднаш помислуваат на Ајфеловата кула, на знаменитостите како музејот Лувр, прошетките по кејот на Сена, на Мулен Руж, на Нотр Дам.
Но, уште една од многубројните убавини што ги крие романтичниот Париз е големата галерија Лафајет, која секоја година ја надминува конкуренцијата со својот раскош и со спектакуларните новогодишни елки, кои од година до година се различни.
Претходно, новогодишните елки во центарот на Лафајет биле комплетно снежни, обложени со Сваровски кристали, па дури една елка висеше наопаку. Оваа година се одлучија за слатка, шарена варијанта.
Новогодишната елка за оваа година беше претставена на почетокот на ноември. Елката претставува збир од шарени балони во облик на колачи, лижавчиња, кои навистина изгледаат прекрасно.