Од 14 до 20 август во Рамстор Мол започнува Garage Sale, шопинг настан кој со нетрпение сите го очекувате. Како и секоја година, така и оваа, во Рамстор Мол правиме чистка и вадиме се надвор. Секој од вас ќе може да ужива во голем број на попусти и акции од ситте продавници во трговскиот.
Како што веќе со сигурност знаете овој концепт е креиран со една цел, а тоа е да не можете да одолеете на огромната и богата понуда за која навистина вреди да се биде прв уште на самото отворање на 14 август во 10 часот. Секој од вас ќе може да ужива во шопинг лудилото и неверојатната понуда на облека, накит, обувки, спортка опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќинство и бела техника, намалени до дури 70 проценти.
Атрактивните цени на производите од реномирани брендови достапни во трговскиот, големиот број на промоции и дегустации и воопшто, еуфоричната и позитивна атмосфера што ќе владее во Рамстор мол за време на продажната акција Garage Sale, се доволна причина зошто да бидете дел од ова позитивно шопинг искуство. Сето ова го прави Garage Sale најголемиот настан во Скопје во месец август, привлекувајќи повеќе до 150.000 потрошувачи за целата недела во Рамстор Мол.
Затоа добро запомнете го датумот. Од 14 до 20 август правиме чистка и вадиме се надвор, единствено во Рамстор Мол.