Категории

Генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил

Познато е дека генијалниот научник, заслужен за голем број револуционерни откритија, никогаш не се оженил. Тој ја објаснил причината за тоа во далечната 1924 година во едно ексклузивно интервју за весникот Galveston Daily News.

Тесла најпрво потенцирал дека жената е супериорна во однос на мажот, но дека тоа било случајот некогаш. Според него, таквата жена исчезнала, а на нејзино место дошла жената која смета дека нејзиниот главен успех во животот е да се изедначи што е можно повеќе со мажот, преку облеката, гласот, постапките, спортот и сите други можни достигнувања.

„Жените стануваат посилни од мажите, и физички и психички. Светот има доживеано многу трагедии, но според мене најголемата трагедија од сите е денешната економска ситуација во која жените се натпреваруваат со мажите и во многу случаи навистина успеваат да го заземат нивното место во професиите и индустриите. Оваа растечка тенденција на жените да ја фрлат машкоста во сенка е знак дека цивилизацијата се движи кон пропаст“, рекол Тесла.

Тој додал дека сите достигнувања на мажите биле инспирирани и поттикнати од љубовта кон жената, но дека жените наместо победници станале жртви.

„Во нејзиниот живот нема задоволства. Таа амбициозна, честопати многу повеќе отколку што ѝ наложува природата и сака да постигне сѐ. Жените многу често забораваат дека не можат сите да бидат примадони и филмски ѕвезди“, изјавил Тесла.

Научникот истакнал дека токму поради тоа нашата цивилизација ќе потоне во ситуацијата која ја среќаваме кај пчелите, мравките и другите инсекти: Онаа во која мажите безобѕирно се убиваат.

„Во таа матријархална империја ќе владеат женските правила“, заклучил Тесла.

Факт е дека моќта на жените од ден на ден сѐ повеќе се зголемува и тоа е добро со оглед на угнетувањата и неправдите низ кои морале да поминат во минатото. Но, прашање е дали поради тоа жените почнуваат да ги забораваат нивните природни карактеристики кои ги издвојуваат од мажите и ги прават посебни. Во тој случај, би можеле да се согласиме дека Тесла бил во право. Меѓутоа, постои и голема веројатност дека научникот се исплашил од самодовербата и моќта која почнале да ја поседуваат жените, па затоа ја поставил оваа теорија како оправдување зошто никогаш не се оженил.

Дали тогаш би можеле да кажеме дека Тесла бил женомразец исплашен од новонастанатата ситуација во која жените владеат со општеството, или, пак, женољубец кој едноставно копнеел по моралните вредности, невиноста и нежноста на жената од минатото? Пишете ни во коментар и искажете го вашето мислење на оваа тема.

Прегледи:
572
Објавено на:
12.07.2016