Категории

Германец сака да го продаде својот Mercedes за 10 милиони долари

Цената од 10 и повеќе милиони евра за класичните спортски автомобили и не е некоја реткост, но продавачот на луксузни автомобили од Германија ја сака токму таа сума за својот автомобил.

Станува збор за Mercedes SLR 722 MSO McLaren Edition од 2007 година, кој чини 9.999.999 евра. Тоа е многу редок автомобил, бидејќи е еден од само 25-те произведени примероци, кои ги тјунираше одделот на McLaren – MSO после завршувањето на производството на SLR моделот.

Производството на споменатиот модел е завршена во 2009 година, а McLaren сепак видоа простор за подобрувања. MSO одделот зеде 25 автомобили, го подобри управувањето и суспензијата, изработи нов “body kit” кој вклучува преден браник со поголеми вентилациони отвори, заден дифузер за поагресивен изглед и слично. Внатрешноста исто така е опремена со најдобри материјали.

Автомобилот се движи на 5,4-литарски V8 мотор со суперполнач, кој испорачува 641 КС. Овој SLR досега имал само еден сопственик кој поминал со него 15.800 километри, а обоен е во сива боја.

a2 a3

Прегледи:
520
Објавено на:
27.10.2016