Од кога знаеме за себе, не можеме да замислиме циркус без коњи, слонови, мајмуни и лавови. Но, неодамна германскиот циркус „Circus Roncalli“ стави крај на оваа традиција, заменувајќи ги животните со холограми. Настапите кои ги изведува овој циркус, сепак, остануваат исто толку спектакуларни како и претходно!
„Circus Roncalli“ го забавува народот уште од 1976 година, носе одлучи на овие промени во обид да се избори против суровоста која се употребува на животните во оваа индустрија.
Активистите обвинија многу циркуси за тепање, изгладнување и чување на нивните животни во нехигиенски услови, додека ги подготвуваат за шоу.
Во Велика Британија, легислативата е пред владата која можеби ќе ги забрани циркусите да користат диви животни од 2020 година.