Категории

Германците заслужија, сепак Французите ќе играат финале!

Исто како и другите финалисти, екипата на Португалија, и Французите се најдоа во финалето на Европското првенство во фудбал, иако во групната, па и во елиминационата фаза не покажаа спектакуларна игра.

Наспроти сите статистики кои не им одеа во корист, како онаа дека Германците не губат од домаќините на големите првенства, Французите успеаја да ги искорисат грешките на значително ослабениот тим на Јоаким Лев и да си обезбедат влез во големото финале.

Антоан Гризман повторно беше херојот на натпреварот, бидејќи ги постигна и двата гола, со што стигна до вкупно шестиот гол на овој турнир.

Првиот гол го даде во продолжението на првото полувреме откако го искористи пеналот кој го направи Бастијан Швајнштајгер, за во 72-та минута да ја искористи и грешката на голманот Ноер кој лошо ја исрфли топката.

2

Иако Германците генерално имаа повеќе шанси и одиграа одлично прво полувреме, Французите без ниту една посериозна шанса успеаја да постигнат гол од пеналот кој за многумина беше спорен, а потоа и од неизградената акција да ја искористат грешката во одбраната на противникот за конечен резулат од 2:0.

Во првото полувреме Германците во целост доминираа на теренот, па во еден момент имаа и цели 86% посед на топката. Меѓутоа, шансите до кои доаѓаа Дракслер, Џан, Милер и Крос не резултираа со гол.

3

Клучниот проблем за Германците можеби беше оној во 60-та минута, кога “столбот на одбраната” Боатенг мораше да излезе надвор од игра поради повреда, а треба да потсетиме дека и поради два жолти картони на натпреварот не играше ниту Хумелс.

Сѐ на сѐ натпреварот во Марсеј беше навистина борбен, а останува во недела да го погледнеме уште последниот натпревар на ова Европско првенство и да го добиеме новиот шампион.

4

 

Прегледи:
406
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
08.07.2016