Категории

Ги гледа вашите пораки но не одговара? – Нема потреба за паника

Ако мажот кој ви се допаѓа спаѓа во категоријата на оние кои не одговараат на пораките, постојат повеќе причини за тоа.

Ја гледа вашата порака и не реагира? А кога го прави тоа најчесто се само неколку зборови.. Во тој миг кај жените се пали алармот и започнуваат да им се вртат безброј прашања во главата, параноја и можни сценарија. Но всушност голем број мажи едноставно не сакаат да разменуваат пораки, повеќе сакаат телефонски повик или директен состанок.

Еве како да се носите со ситуацијата кога тој не одговара на пораките.

Мажите се многу поконкретни од жените. Ако жените сакаат да комуницираат, разменуваат слатки смајлиња, мажите не го сакаат тоа. Затоа ако не одговара на вашите пораки не го сфаќајте тоа толку лично, само мажите и жените имаат различни потреби.

Што да правите ако не одговори?
Ако не реагира на пораките и се чувствувате лошо поради тоа, обидете се да останете јасни. Размислете за миг, би можеле да постојат повеќе причини поради таквиот став. Тој е можеби зафатен, можеби споро реагира, така да не се мачете себеси со непотребни прашања и дајте му шанса да го поправи тоа.

Без недоразбирање и без ментални филмови. Тоа е дел од неговиот став, не е љубител на размена на пораки но не значи дека не го интересира вашиот живот. Завземете став на возрасна личност и разликувајте ги вашите потреби од неговите. Со помош на тоа ќе достигнете добра средина. Она што е важно е да не дозволите да ве одземе параноја.

Може компромис?
Тој мрази пораки а вие сакате? Што да правите?
Не можете да го обврзувате но можете да му објасните дека ви е важно да имате писмена размена, да делите мигови и кога не сте во можност да се видите. Од друга страна, така можете да ги разберете неговите потреби и да ги ограничите пораките на одреден дел од денот. Тоа ќе доведе до тоа да покажете посветеност и да пронајдете соодветен однос помеѓу вас.

Прегледи:
693
Објавено на:
01.10.2020