Категории

Ги отстранува и најтврдокорните флеки – Домашен раствор од 3 состојки

За најупорни се сметаат дамките од сос од домати, чоколадо и мастило, што е речиси невозможно да се отстранат од облеката. Но, со овој едноставен рецепт, ќе успеете.

Во сад ставете парче облека со флека и прелијте го со млеко за делот со дамката да остане потопен, останатото не е потребно. По еден час извадете го и без плакнење ставете го во машина за перење. Измијте како инаку.

Млекото е одлично и за нега на кожата. Еве како можете да ја направите здрава и хидратантна маска за чистење на лицето:

Измешајте две лажици млеко, исто толку мед, малку сок од лимон и сода бикарбона, а во смесата можете да додадете и таблети витамин Е. Оставете на лицето 15 минути, а потоа добро исплакнете. Маската можете да ја користите секој ден, пишува порталот Ticks and tricks.