Категории

Ги пеете нејзините песни, но не знаете дека му е сестра на Бора Чорба

Иако Бора Ѓорѓевиќ- Чорба е на сцената веќе 40 години и приватниот живот не го чува во стаклено ѕвоно, сепак, постојано се појавува нешто ново и инетерсно за неговата проватност, а што дотогаш не сме знаеле.

Ете, ретко кој знае дека тој не е единствениот пејач во семејството. И не само што е пејачка неговата сестра, таа е многу позната и успешна, а неколку пати досега и соработувале.

Се работи за етно-пејачката Биља Крстиќ.

Дека се брат и сестра открила Биља во 2004 година на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостува во уводната песна „Мобилни“.

-Да ви откријам една тајна, можеби не знаете, јас и Бора сме роднини. Ние сме брат и сестра. Па покрај тоа, и по таа линија навивам и по онаа другарската, рекла тогаш Крстиќ.

Бора и Биља соработуваат од 1975 година кога и двајцата биле членови на легендарната акустична група „Сунцокрет“.

Прегледи:
333
Објавено на:
27.01.2018