Младата активистка Грета Тунберг одржа говор на самитот за климатските промени во Обединетите Нации кој се одржа вчера, а на кој присуствуваа светските лидери. Ова 16-годишно девојче стана еден од водечките гласови на младите генерации кои се спротиставуваат на последиците предизвикани од глобалното затоплување.
„Луѓето страдаат. Луѓето умираат постојано и екосистемите се распаѓаат. Ние сме на почетокот на масовното исчезнување, а вие само зборувате за пари и раскажувате бајки за надворешниот раст на економијата“, се обрати таа на светските лидери. „Како се осмелувате! Повеќе од 30 години науката е кристално јасна. Како се осмелувате да продолжувате да ја игнорирате ситуацијата и да изјавувате дека правите доволно, кога нема никакви решенија на повидок.“
Таа не била пресреќна што на самитот присуствувал и претседателот Трамп. По завршувањето на самитот, тој се обрати на Твитер велејќи дека Тунберг „изгледа како многу среќна млада девојка која ја очекува светла и прекрасна иднина.“