Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска вчера вечер влегоа во супер финалето од втората сезона на „Пинкови ѕвездички“.
Девојките го дадоа својот максимум на сцената, што остави мошне позитивен впечаток како врз жирито, така и врз публиката. Нашата трета учесничка во шоуто, Елена Бимбилоска, за жал не успеа да се пласира во следната фаза, како резултат на малиот број на поени добиени од публиката.
Мартија Станојковиќ
Martija Stanojković – Don’t Be So Shy by PinkoveZvezde
Станојковиќ настапи под „баксузната“ 13-ка. Секогаш поинаква и сигурна во себе, Мартија се претстави со „Don’t be so shy” од Имани. Освен со својот глас привлече и со зелениот фустан, на кој беа испишани зборовите од песната.
-Ти ја имаш моќта да бидеш што сакаш и да во сето тоа да бидеш најдобра. Ти реков дека си најдобра. Едвај чекам да снимиш песна, а ако не ја снимиш, јас ќе ти ја снимам, рече воодушевениот Милан Станковиќ.
Антониа Гиговска