Категории

Глинен дворец во долината на вилите – Ве носиме во бајковитото село во Трансилванија

Ова шармантно село ќе ве освои со својот невообичаен бајковит изглед.

Кастелул во Трансилванија веќе со години привлекува туристи од ширум светот поради својот невообичаен бајковит изглед и куќичките кои изгледаат како од фантазиите, зелената долија и жуборот на реката.

Ова село настана пред само 5 години и е вистинска туристичка атракција.
Ако еден ден патот ве наведе од Темишвар према Брашов или Букурешт, направете пауза во месотто Кастелул де Лут Валеа Занелор и нема да зажалите. Името во превод му значи Дворец од глина во Долината на вилите, но секако е полесно да го нарекувате само Кастелул.

Тоа е всушност еко-село со мал дворец сместено во романската долина во познатата регија Трансилванија. Толку е убаво што еднаш кога ќе го видите на фотографиите веројатно нема да го заборавите никогаш.