Категории

Гневни реакции на интернет против чоколадата со „потемнетите“ ликови

Група корисници на социјалната мрежа Facebook жестоко во средата го критикуваа новото пакување на чоколадата од кое е отстранет препознатливиот лик на момченцето со руса коса и сини очи и се ставени детски ликови со потемна боја на кожата, а италијанскиот прехранбен концерн „Ferrero“ и Германскиот фудбалски сојуз (DFB), пак, ја критикуваа кампањата којашто ја покрена на социјалните мрежи наводен јужногермански огранок на антидоселеничкот и антиисламското движење Pegidа (Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот) поради појавувањето на сликит на темнокожите фудбалери на германската национална селекција на некои производи на„Ferrero“ .

Непосредно пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Франција, кое ќе започне на 10-ти јуни, италијанската компанија „Ferrero“ го дистрибуираше својот познат производ „Kinder“ чоколадата со слики од детството на играчите од германската репрезентација.

Новите фотографии на деца со темна коса и кожа, како на Џером Боатенг кој е црнец и Илкај Гуендоган кој е од турско потекло, предизвикаа гнев на лица за кои јавноста претпоставува дека се поддржувачи на антиимигрантското движење Pegida.

Меѓутоа челниците на движењето Pegida се дистанцираа од коментарите, кои беа избришани од Facebook во средата попладнето. Коментарите за специјалното пакување „се апсурдни до таа мера, што со сета почит, немам зборови“, изјави челникот на движењето Луц Бахман за порталот web.de. Тој додаде дека групата Pegida BW – Bodensee, од покраината Баден-Витемберг, која се јавува како иницијатор на кампањата, не е членка на движењето од јуни 2015 година и оти незаконски го користи називот.

„Германската фудбалска репрезентација е еден од најдобрите примери за успешна интеграција и милиони Германци се горди на оваа репрезентација токму затоа што таа е таква каква што е“, изјави за агенцијата DPA, претседателот на германскиот фудбалски сојуз, Рејнхард Гриднел нарекувајќи ја целата ситуација „невкусна“.

И компанијата „Ferrero“ ја критикуваше оваа акција на социјалните мрежи порачувајќи дека компанијата се оградува од сите видови расизам или ширење нетрпеливост кон странците. Портпаролката на компанијата изјави дека ова е „нова димензија“ на реакциите на нивните производи.

Извор: Макфакс

Прегледи:
390
Објавено на:
26.05.2016