Ким Кардашијан и Канје Вест повторно станаа родители. Тие во понеделникот го добија своето трето дете – девојче, од сурогат мајка. Но, се уште нема информации за тоа како ќе се вика ќерката.
Ким на нејзиниот вебсајт ја објави убавата вест, каде напиша: “She is here!”
Ким и Канје се одлучија на сурогат мајка, затоа што Ким имаше големи проблеми во текот на своите две бремености, поради што докторите ја советувале повеќе да не раѓа.