Неверојатна приказна поради исчезнувањето на еден инстант милионер се шири низ социјалните мрежи. Се работи за 32-годишшен навивач на Астон Вила кој освоил милион долари откако го погодил името на стрелецот и точната минута на постигнувањето на голот во финалето на ЕУРО 2016.
За време на Европското првенство во Франција, онлајн обложувалницата „BetVictor“, започнала со наградна игра со која на играчите им овозможила да станат милионери.
Имено од обложувалницата соопштиле дека милион долари ќе добие играчот кој ќе ја погоди минутата и името на стрелецот на првиот гол во финалето. Исто така од „BetVictor“, известиле дека доколку никој точно не погоди, тогаш наградата ќе оди кај играчот кој бил најблиску до точната прогноза.
Навивач на Астон Вила погодил дека првиот гол во финалето ќе го постигне Едер во 109-та минута. Напаѓачот на Лил го постигна единствениот гол во финалето и на Португалија и ја донесе првата титула европски првак.
Меѓутоа, наместо да ги подигне парите среќниот прогнозер едноставно исчезнал, односно од „BetVictor“, сѐ уште не можат да го најдат среќниот добитник. Од обложувалницата започнале потрага по навивачот на Астон Вила преку социјалните мрежи.
Извор: Макфакс