Категории

Годишниот одмор е исклучително добар за срцето и умот

Научниците откриле дека годишниот одмор е исклучително добар за срцето и умот.

Според направеното истражување во кое биле набљудувани мажи во 50-тите години во текот на 9 години, донесен е заклучок дека тие кои имале повеќе годишни одмори биле помалку склони кон кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и срцев удар. Останатите студии ги поврзувале одморот и помалиот ризик за развој на депресија, помал стрес и подобра општа состојба.

Д-р Ананд Рохатги, кардиолог, истакнува дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, но дека тезата има логика.
„Тоа се во главно опсервациски студии, но луѓето кои имаат помалку одмор обично се под поголем стрес и имаат повеќе здравствени проблеми. Ако не си земете време за себе си, го зголемувате ризикот од повреди, воспаленија, но и сериозни болести“- истакнува докторот.Една од препреките за донесување на конечни заклучоци, истакнува, е потешкотијата во одвојувањето на прашањата поврзани со одморот од останатите фактори кои негативно влијаат на здравјето.
„Луѓето кои одлучуваат да одат на одмор или тие кои имаат повеќе одмори може да имаат поинаква здравствена состојба од останатите. Но, тоа може да биде поврзано и со работната или финансиска состојба, а не само со самиот одмор“- истакнува Рохтаги.
Сепак, кардиологот додава дека ги советува пациентите, посебно тие со срцеви проблеми, да го намалат стресот и максимално да го искористат слободното време.


„Стресот може да го покачи крвниот притисок, да го забрза пулсот, може да доведе до аритмија или да влоши било која од овие состојби. Постојат јасни кардиоваскуларни импликации за одржување на рамнотежата и намалување на стресот. На нив мора да се работи на дневна база. Мора правилно да се користи одморот“- вели Рохтаги.

Прегледи:
556
Објавено на:
27.06.2019