Експериментот за четиридневно работење го направија повеќе држави меѓу кои беше и Обединетото Кралство.
Имено, работниците работеле 80% од нивните часови за иста плата, а резултатите се покажале како одлични.
Голем број компании сѐ уште им дозволуваат на работниците да работат четири дена и по завршувањето на експериментот, а не е ни изненадувачко што луѓето се попродуктивни со овој начин на работење.
Воочувајќи ги резултатите, некои од компаниите целосно се придружија кон овој тренд.