Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ – велат од Авалон Продукција.
VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.
Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот.
Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот Skopje Calling, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.
Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето во Македонија!