Категории

Готово е: Мурињо потпиша со Јунајтед до 2019, го носи и Игуаин

Трофејниот португалски стручњак Жозе Мурињо потпиша договор со Манчестер Јунајтед до 2019 година, тврдат британските медиуми. Тој ја продолжи традицијата да потпишува договори на три години со клубовите што ги тренира, а екипата ќе ја преземе по завршувањето на оваа година. Во оваа фаза не се познати условите од договорот, односно висината на платата и неговите помошници во Јунајтед.

Сепак, медиумите на Островот тврдат дека заедно со него, на Олд Трафорд ќе дојде аргентинскиот репрезентативец Гонсало Игуаин за кого Јунајтед ќе плати околу 50 милиони евра. Тие двајцата работеа заедно во Реал Мадрид, а по одличната сезона на Игуаин во Наполи, нема сомнение дека тој би бил големо засилување за нападот на најтрофејниот англиски клуб.

Прегледи:
508
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
17.04.2016