Категории

Говорот на вашето тело открива многу нешта за кои не сте свесни

Читањето на говорот на телото воопшто не е лесно. Бара време, трпение и многу обсервација. Но всушност очите и рацете на луѓето кажуваат многу повеќе за нив отколку зборовите кои излегуваат од нивната уста.

Гестикулациите откриваат нешто многу подлабоко, како што се знаци на анксиозност, афекција, или криење на некоја тајна.
Прочитајте што открива секоја од нив.

 

Ако некој ги крие своите раце, тогаш сигурно лажи за нешто.
Луѓето кои ги кријат своите раце од вас и најчесто ги ставаат во џебовите или зад нив додека разговаат со вас значи дека ве лажат. Земете ги малите деца за пример, кога се обидуваат да сокријат нешто, тие ги ставаат рацете позади својот грб. Научниците велат дека рацете се први кои издаваат кога некој зборува лаги.

Ако некој ги прекрсти рацете на своето торзо, значи дека чувствува нервоза
Луѓето инстинктивно го покриваат своето тело кога се чувствуваат нервозно. Кога ги скрстувате рацете на своето торзо, или ги прекрстувате нозете, со тоа се обидувате да се заштите себеси велат психолозите.
Секако дека е нормално луѓето да се чувствуваат нервозно понекогаш, но доколку некој ваш близок колега или пријател го прави тоа би требало да се запрашате што не е во ред.

Ако некој го допира својот врат, значи дека е анксиозен
Додека некои го прекриваат торзото или ги прекрстуваат нозете, други го допираат својот врат. Особено жените кога чувствуваат анксиозност го допираат својот врат од страните или си играат со својата огрлица.

Ако некој оди исправено со градите напред, значи дека е несигурен
Сигурно си велите дека оној дечко во теретана кој постојано оди со градите напред, пука од самодоверба и се чувствува одлично во своето тело, но тоа не е вистина. На тој начин, тој се обидува да ја сокрие својата несигурност и наместо тоа глуми лажна самодоверба.

Доколку некој избегнува контакт во очи, значи дека му се допаѓате
Доколку сте на состанок со некоја девојка или момче и тој/таа избегнува да ве гледа во очи додека зборува со вас значи дека вие навистина премногу му се допаѓате. Како што велат „очите се огледало на душата“, па тој или таа се плаши да ве погледне во очи и мисли дека веднаш ќе сфатите дека сте го освоиле нивното срце.

Прегледи:
1034
Објавено на:
31.08.2019