Категории

Град на духови: Колманскоп во Африка некогаш бил модерен а денес е проголтан од пустината

Колманскоп е африкански град во Намибија, кој некогаш се прослави со своите наоѓалишта на дијаманти. Денес, сепак, тој е познат како град на духови. Тој имаше многу потенцијал, но потоа сè се смени..

На местото на денешниот Колманскоп, еден железнички работник најде дијаманти во близина на пругата. Тој му го покажа фасцинантното откритие на неговиот шеф, Август Стауч, кој го тестирал каменот и потврдил дека тој навистина бил дијамант.
Веста брзо се прошири во овој регион и за неколку години стотици Германци се упатија кон Африка во потрага по богатство. Колманскоп се прошири и наскоро почна да изгледа како вистински германски град. Изградени се болници, сали за танцување, училишта, театар, спортски сали, централи, куглани и фабрика за мраз. На популарноста на овој град, меѓу другото, дополнително влијаеше и фактот што Колманскоп стана првото место во Африка каде помина трамвајот. Сепак, цената на дијамантите започна да паѓа по Првата светска војна, а ситуацијата се влоши по јужните делови на Африка пронајдоа подобри дијаманти, Сето ова влијаело градот да биде целосно напуштен до 1954 година.

Денешниот изглед на Колманскоп
Колманскоп сега претставува трошен град на духови, во кој ветерот постојано открива и покрива делови од градот, нанесувајќи огромни количини песок на зградите, но и насекаде наоколу.
Пустинските ветрови што дуваа со децении оставија свој белег во германската архитектура, што можеби најдобро се гледа на некогашните шарени sидови на згради и куќи, кои се расипаа поради силниот ветер и пустинскиот песок.
Песочните дини целосно ја исполнија внатрешноста на поранешните домови.

Специфичниот изглед на овој град привлече многу туристи и стана совршена локација за снимање на многу филмови (вклучувајќи го и филмот од 2000 година „Кралот е жив“), но и јужноафрикански телевизиски серии.

Прегледи:
544
Објавено на:
10.03.2021