Категории

Гради или задник: Изборот на мажите открива важен дел од нивниот карактер!

Изгледот е првото нешто што мажот го забележува кај жената, а познато е дека најголем дел од нив најпрво се привлечени или од градите, или од задникот. Ова можеби ви изгледа како чиста баналност, но вкусот на мажите може да открие многу за нив, поточно за нивниот карактер, а тоа е и научно потврдено. Доколку ги поделиме мажите во две групи – оние што се привлечени од гради и оние што се привлечени од задници, тогаш еве што открива нивниот избор за нив…

Гради

Мажите кои се „палат“ на женските гради често се егзибиционисти и сакаат да бидат во центарот на вниманието. За оние кои припаѓаат во оваа група, најважна им е независноста, односно не сакаат да се чувствуваат попречено, што дури е и малку контрадикторно со оглед на тоа дека предметот на нивните желби се градите, кои доаѓаат во пар.

Тие во социјалните ситуации без проблем ќе разменуваат шеги со сите останати и ќе останат свои, што значи дека не им е неудобно кога стојат сами на место полно со луѓе. Истражувањата исто така покажаа дека помеѓу мажите кои припаѓаат на оваа група има поголем број пушачи отколку во другиот тим, но и дека им недостига упорност, односно дека почесто се откажуваат од работите кои започнале да ги прават.

Задник

Мажите кои се „палат“ на женскиот задник ја сакаат работата, уредноста, организираноста и правилноста. Тие ништо не сработуваат до половина, па затоа се стремат кон успеси и постигнувања.

Многу мажи кои припаѓаат на овој тим се занимаваат со претприемништво што е во согласност со нивната потреба да им биде сѐ организирано во животот. Во комбинација со својата амбициозност, знаат да бидат доста упорни и одлучни – карактеристики што на мажите од другата категорија честопати им недостигаат. Она што на оваа група ѝ недостига е опуштеноста и спонтаноста. Затоа ќе им одговара партнерка која е по природа поопуштена и која ќе ги научи и нив како да се опуштат.

Прегледи:
637
Објавено на:
14.03.2017