Категории

„Градиште“ – најпосетуваниот камп каде што се одржуваат многубројни забави, концерти, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг

Охрид е најубавиот македонски бисер, градот на светлината кој секое лето е посетен од многубројни туристи кои се воодушевуваат на неговата архитектура, градби, езеро и плажи. Во текот на летниот период, авто кампот „Градиште“ е најпосетениот камп кој покрај совршената локација нуди забава и токму тука се организираат многубројни забави, концерти, забави на плажа, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг и слични активности.

Кампот е во склоп на националниот парк „Галичица“ и е добра појдовна точка за планинарење и прошетки во недопрената планинска природа. Во склоп на третата плажа се наоѓа и пештерската црква Св. Богородица. Во непосредна близина на А.К. „Градиште“ се наоѓа музејот на вода – наколна населба позната како „Залив на Коските“ која претставува значајна праисториска локација единствена по својот вид на овие простори и место кое дефинитивно мора да се посети.

Во густите сенки на боровата шума, во ладовина и прекрасна атмосфера плажите Градиште се протегаат на речиси 90.000 м2 од брегот на Охридското Езеро. До плажите се обраќаат и редовните линии на охридскиот автобуски транспорт, а е лесно пристапен и со пловни објекти и комбиња на секои 15 минути, особено во летниот период.

По завршувањето на вонредната состојба и почетокот на летните сончеви денови, „Градиште“ е најдобриот избор за сите млади луѓе кои сакаат да се опуштите во пријатна атмосфера, да се забавувате со квалитетна музичка програма и да уживаат во секојдневните забави кои ќе бидат организирани во текот на денот и ноќта. Подгответе се за уште едно незаборавно лето во Градиште и имајте безброј незаборавни мигови!

Прегледи:
1465
Објавено на:
22.04.2020