Гратчето Санта Клаус во сојузната американска држава Индијана, секоја година, за време на божикните празници е преплавено со повеќе од 20.000 писма, кои се упатени до Дедо Мраз.
Група на волонтери, кои познати како виленици, секоја година вредно одговараат на секое писмо од сите краишта на светот, а интересно е дека поштарите им ги доставуваат и писмата кои се без адреса и насловени само „За Дедо Мраз“.
Тие секојдневно добиваат писма од дечиња но и од нивните родители пишуваат. Во писмата, родителите најчесто пишуваат дека нивните деца започнале да користаат нокшир или пак дека престанале да го цицаат палецот и дека се надеваат дека Дедо Мраз ќе дојде и кај нас.
Вилениците ја примаат писма и од постари луѓе, кои се осамени, па му пишуваат на Дедо Мраз. Писма пристигнуваат и од Јапонија, Кина и Малезија. Интересен е фактот што секое писмо се чита и се добива одговор.