Постои нешто кога е во прашање однесувањето кое е неприфатливо на првиот состанок.
Спрема едно истражување во кое учествуваа повеќе од 3000 луѓе, гледањето во мобилниот телефон за време на првиот состанок е најголема можна грешка која сигурно нема да доведе до втор состанок.
Во истражувањето се покажало дека најчест престап е кога некој не може да се оддели до својот телефон. Таквото однесување може да има негативно влијание врз вашиот однос затоа што сигнализира дека нешто се случува на вашиот телефон и има поголема предност од личноста која е присутна.
На прашањањето што е најлошото што може да се случи на првиот состанок одговориле 1000 учесници кои имале исто мислење а тоа значело – постојано гледање во мобилниот телефон.
Стручњакот за врски Џејм Бројстејн вели дека претераната употреба на телефонот може да претставува „знак на несигурност на личноста која мора да се прикаже како важна со одговарање на пораки или повици во текот на состанокот“
„Мислам дека тоа може да ја открие ограничената желба и отвореност на личноста за емоционална поврзаност и недостаток на обзир спрема потребите и желбите на другата личност. Постојаното проверување на телефонот открива непочитување на времето и енергијата на другата личност, а исто така може да значи дека некој во овој миг нема време и емоционална енергија за вложување во врската“ – вели др. Шива Асар.