Категории

Грешки кои ги прават жените при нанесување на парфем

Парфемите траат многу пократко отколку што мислат жените, а купуваат големи пакувања мислејќи дека така ќе заштедат. Поголемиот дел од жените го нанесуваат парфемот на погрешен начин и на погрешни места. Проверете дали и вие ги правите овие грешки.

Не ги тријте зглобовите

Најголемиот број жени парфемот најпрво го нанесуваат на зглобовите на рацете, потоа ги протријуваат зглобовите еден од друг, а дури потоа го нанесуваат на вратот – тоа е голема грешка. Преку триењето на рацете кожата се загрева и произведува ензими кои можат да го променат мирисот на парфемот. За да го задржи својот автентичен мирис, потребно е да го оставите сам да се исуши на кожата.

Не го чувајте парфемот во тоалетот

Парфемите се многу осетливи на околината во која се наоѓаат, а наглите промени на температурата како што е случајот со бањата, за време и по туширањето влијаат врз промената на мирисот. Топлината предизвикува хемиска реакција во органските состојки на парфемот и резултира со промена или губење на мирисот. Најдобар начин за чување на парфемот е во оригиналната амбалажа на собна температура.

Купувајте помали пакувања

Доколку имате среќа во вашата колекција да се наоѓаат повеќе парфеми или пак не го користите својот омилен парфем секој ден, со текот на ремето кислородот ќе влијае врз распаѓањето на молекулите во парфемот, а тоа многу влијае врз мирисот. Просечно шишенце парфем има рок на траење 3 месеци, па доколку не го користите парфемот на днвена база, најдобро купете помало пакување.

Парфемирајте ја косата

Парфемот нанесен на сува кожа трае многу кратко, а потењето ги уништува природните масла во него. За да трае подолго, добра идеја е да нанесете малку парфем на вашата коса или шал.

Прегледи:
572
Објавено на:
26.12.2017