Категории

Грешки што ги правите при носењето патики

Одбирањето совршен чифт патики особено за оваа сезона кога истите се огромен хит, претставува вистински предизвик.
Сезонава истите ги има во различни бои и кроеви и навистина е тешко да се одбере вистинскиот чифт добри патики кои ќе можете да ги комбинирате во вашите секојдневни стајлинзи.

Во продолжение, дознајте кои се најчестите грешки што можете да ги избегнете при одбирањето и носењето патики оваа сезона.

#Не плашете се патиките да бидат во преден план

Некои патики се направени токму со таа намера да бидат во центарот на вниманието и да бидат навистина впечатливи. Секогаш носете ги со гордост и дозволете тие да бидат центарот на вашата комбинација.

#Не носете ги истите патики на вежбање и на работа

Иако секогаш е во мода мешањето на различни стилови, патиките за вежбање не се добро и репрезентативно парче што можете да го носите и на работа.

#Носете и друга боја патики покрај омилените бели

Иако знаеме дека најголем хит сезонава се едноставните бели патики, не плашете се да купите и некој од атрактивните модели во јаки бои, но и оние со интересен принт. Тие ќе бидат одличен начин да ги „зачините“ вашите комбинации кои веднаш ќе добијат друга димензија.

# Не грижете се дали Вашите патики изгледаат валкано

Првично, патиките се направени да ви обезбедат удобност на ногата, а потоа сѐ друго. Со оглед на тоа, тие се парче што можеби го носите секојдневно, а особено кога пред вас е ден полн со обврски и истите ви се и повеќе од потребни. Не грижете се доколку понекогаш не се блескави и сјајни како штотуку купени.

# Не ги следете слепо трендовите кога купувате патики

Ако ви се допаѓаат некои патики кои беа хит минатата сезона, без размислување купете ги, иако не се ин во моментов. Никогаш не чувствувајте се лошо ако пропуштите некој моден тренд.

Прегледи:
622
Објавено на:
24.04.2016