Категории

Гугл го прати секој ваш чекор? Проверете дали и вам ви е вклучена оваа опција!

Собирање податоци за вашето движење преку мобилниот телефон може да биде прилично практично и корисно. Но, што ако не сакате?

Историјата на локација (Location History) ги прати и бележи локациите додека користите некој мобилен уред.

За да биде тоа возможно, мора да бидете логирани во својата корисничка сметка на Гугл и да ја имате вклучено опцијата Location History, а вашиот уред мора исто така да ја има вклучено опцијата Location Reporting. Како да го забраните пратењето?

– Во вашиот налог при Гугл пронајдете ја категоријата Location History.

– Изберете дали вашата корисничка сметка или вашиот уред праќаат податоци од историјата на локација на Гугл.

– Ако сакате да ги исклучите од вашиот кориснички налог во целост сите уреди кои ги користите, исклучете Location History на врвот.

– Ако сакате тоа да го направите само на одредени уреди, под This device или Devices on this account вклучете или исклучете што ви одговара. Што ако сакате да изберете сѐ што апликацијата Google Maps досега собрала за вас?

– Кликнете ја вашата профилна слика во горниот десен агол.

– Одберете Your data in Maps.

– Одберете See & Delete activity.

– Во горниот десен агол изберете Settings.

– Изберете Delete all location history. Ако сакате Google Maps воопшто да не ве прати, еве што треба да направите.

– Кликнете на вашата профилна слика во горниот десен агол.

– Изберете Your data in Maps.

– Исклучете ја опцијата Location history.

– Потврдете дека сакате да го паузирате собирањето податоци за историјата на локации.

Прегледи:
451
Објавено на:
17.11.2021