Категории

Ѓулсерен побарала да ја убијат- актерката ја напушта серијата поради малтретирање од главниот актер

Турската актерка Нургул Јесличај по снимањето на 52 епизода од серијата Парампарче одлучува да ја напушти серијата.

Актерката огорчено за јавноста открива дека за време на снимањето на популарната серија која за кратко време стана вистински хит кај нас била жртва на мобинг, односно дека трпела псхичичко малтретирање од стана на нејзиниот партнер во серијата актерот Еркан, кој во серијата го глуми ликот на Џихан, а кај нас се прослави и како Капетан Али.

Според пишувањата на медиумите „Ѓулсерен“ серијата ќе ја напушти во екот на популарноста, барајки од продуцентот да го „убие“ нејзиниот лик со што таа ќе може да го поништи договорот и да престане со снимањето на епизодите. Таа одлуката ја донела бидејки имала големи несогласувања со Еркан, поради неговиот конзервативен став кон жените, поради што големиот дел од романтичните сцени помеѓу актерите е дело на фотомонтажа, а не реалност.

Чашата се прелила кога актерот дрско и безобразно изјавил дека на Нургул и е многу важно да ги снима сцените каде таа и тој треба да се бакнуваат.

Иако Еркан се обидел ова да го демантира, актерката револтирана решила и јавно да и се обрати на јавноста и фановите дека ја напушта серијата:

– Сум глумела жена, љубовница, па дури и лезбејка. Улогата е моја обврска, а не полигон за изживување. Сакав да заминам. Не можев да останам повеќе ни ден. На Еркан му е дозволено да ме малтретира, цело време бев под голем психички притисок. Тоа е мобинг. И сите знаеа дека е така, но никој не реагираше. Во Турција сите се гледаат, но ја вратат главата кога на некого му треба помош, посебно ако е жена. Мажите ги имаат сите права, горчено објаснила Јесличај, која по раскинувањето на договорот решава да се посвети на својот син Неџати, задоволствата на родителството, но и на „Мурат“ со кого снима нова серија.

Прегледи:
380
Објавено на:
03.11.2016