Категории

ЃУМБИР КОЛАЧИЊА без кои не може да се замисли нити еден Божиќ

Апсолутната класика на секој Божиќ се овие преслатки колачиња популарно наречени “gingerbread”, а ние ви споделуваме едноставен рецепт со кој ќе можете да ги направите и да уживате во нивниот вкус за време на празниците.

Овие се најпопуларните колачи низ целиот свет кога ќе пристигнат празниците и празнична идила, а нивното потекло доаѓа од Англија. Без нив не може да се замисли нити една божиќна трпеза, знаете дека се ближи Божиќ кога нивната арома на ѓумбир, цимет и мускатно оревче ја исполнува сета куќа.
Овој рецепт е дефинитивно оној кој ви е потребен за да овие кекси да бидат совршени.

Потребни состојќи:
-150 гр. путер
-150 гр. шеќер
-200 гр. мед
-1 јајце
-1 лажица ектстракт од ванила
-440 гр. брашно
-1 лажица сода бикарбона
-Прстофат сол
-3 лажици мешавина за медењаци
-1 лажица свежо мелен ѓумбир
-1 лажица кора од лимон

Подготовка:
Соединете ги путерот и шеќерот, додадете го медот и јајцето се додека не добиете пенаста смеса. Додадете екстракт од ванила.
Во посебен сад измешајте брашно, сода бикарбона, прстофат сол и мешавина за медењаци.
Изрендајте кора од лимон и свеж ѓумбир, постепено додавајте брашно се додека не добиете меко тесто. Оставете го во ладилник.
Исукајте тесто на еден цм дебелина, исечете ги вашите кекси и печете ги на 180 степени, 10-тина минути. Украсете ги по желба кога ќе оладат.

Прегледи:
1858
Објавено на:
11.12.2019