Категории

Гвинет Палтроу на ручек со поранешниот сопруг и вереникот

Оскаровската Гвинет Палтроу нема никакви проблеми со мажите во нејзиниот живот.

Тоа може да се види и по фотографијата која таа ја сподели, на која може да се види како ужива во дружбата со вереникот Бред Фалчук и поранешниот сопруг Крис Мартин.

Палтроу и Мартин се разведоа пред три години, после 11 години врска и брак заедно. Сепак, двајцата решиле да останат добри пријатели поради децата, 13 годишната Епл и 11 годишниот Мосес.