Преубавата американска актерка Хали Бери во совоите педесетти години изгледа феноменално, а во тоа не уверуваат бројните фотографии кои таа често ги споделува на својот Instagram профил. Лавината позитивни коментари и пофалби на својот изглед особено ги заработи на фотографијата каде позира облечена во бела чипка. Актерката која секогаш изгледа беспрекорно одлучи да проговори за својот изглед.
Хали на само 19 години и бил дијагностициран дијабете. После неколкуте „страшни ситуации“ и неразбирањето на сопствената состојба, актерката одлучи да направи некои сериозни промени во својот начин на живот да би го подобрила своето здравје. Затоа таа го „исфрлила“ лебот и шеќерите од својата секојдневна исхрана а наместо нив започнала да конзумира што повеќе зеленчук и да пие многу вода.
„Мојата исхана е насочена кон управување на мојот дијабетес па се обидувам да конзумирам четири мали оброци дневно. Сакам да се чувствувам силна и здрава!“, изјави Бери за L.A.Times.
Нејзините оброци вклучуваат храна која нема масти, шеќери и јаглехидрати.
„Почнав да конзумирам многу свежиот зеленчук, пилешко, свежа риба и интегрални тестенини. Го „исфрлив“ црвеното месо и овошјето кое содржи премногу шеќери, а кога немам енергија, конзумирам протеински шејкови од растително потекло.“
Освен правилната здрава исхрана, оскаровката изјави дека за својата завидна линија се должат и редовните тренинзи. „Никогаш не сум тренилара со премногу напор и изморување, освен ако не сум приморана поради улога во некој филм. Моите тренинзи во главно се одвиваат за мојата тежина, не сакам да бидам премногу слаба, сакам да бидам и да изгледам здраво. Како дијабетичар, вежбањето е клучен фактор за управувањето со болесто и држењето на шеќерите под контрола!“