Категории

Хелен Мирен – „Родителите ме научија дека секогаш морам да бидам финансиски независна“

Британската актерка и оскаровка Хелен Мирен која неодамна наполни 73 години во едно интервју призна дека убавината не е важна, па затоа поради тоа никогаш не би отишла „под нож“.

„Стара сум и така изгледам. И тоа е сосема во ред. Луѓето зборуваат за грациозно стареење, а јас немам поим што тоа воопшто значи. За мене е најпривлечно она што сте и продолжувате понатаму“ – вели актерката.

Таа вели дека „феноменот Кардашијан“ не е импресивен, но мисли дека тоа „донело нешто добро“ – на жените им е дозволено да имаат задник и бутини. Во интервју откри и дека и доста важна независноста а родителите уште од мали нозе ја научиле дека никогаш не треба да зависи од мажот. Нити емотивно, нити финансиски.

„Една од работите на која ме научија моите родители е тоа дека како жена, многу е важно да биде финансиски независна“.

„Отсекогаш работев, баш секоја година од својата кариера работев најмалку две или три работи. Срга сум финансиски независна и сигурна, а тоа го направив сама, никој не ми помогна.“ – открива Хелен.

Прегледи:
702
Објавено на:
08.12.2020