Додека болницата во Благовешченск на крајниот исток од Русија гореше, хирурзите и медицинските сестри одбија да го остават пациентот на операционата маса и по цели два часа успешно ја завршија процедурата на отвореното срце.
Покривот на болница во рускиот град Благовешченск се запали кога краток спој предизвика пожар кој брзо се прошири над старите дрвени греди. Вкупно 67 пациенти беа веднаш евакуирани заедно со остатокот од медицинскиот персонал, но осум лекари и медицински сестри останаа во зградата во една од операционите сали. Во моментот кога избувнал пожарот, започнале операција на срцето и имплантација на бајпас.
„Моравме да продолжиме. Ние воопшто не размислувавме за откажување. Ја завршивме операцијата до крај “, рече хирургот Валентин Филатов.
Тој призна дека целата ситуација била многу стресна .
„Секако дека се плашевме. Ние сме луѓе. Но, мојот тим покажа присебност и храброст, бидејќи операцијата мораше да продолжи “, истакна хирургот. За да ги заштитат пациентот и медицинскиот тим од чад, пожарникарите користеле електрични вентилатори во ходниците, а централната вентилација била исклучена за да не се напојува огнот.
За среќа, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот при крајот на операцијата и нема повредени.
„Голем поклон пред медицинските лица и пожарникарите“, рече гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов.
A group of doctors and nurses stayed in a surgery room to complete an open-heart surgery as plumes of smoke rose from a hospital in eastern Russia after a fire broke out https://t.co/nODjRaIaFS pic.twitter.com/Heo1dnwAK6
— YeMeN falCon (@Falcon__Yemen) April 2, 2021