“Nielsen” е водечка глобална компанија за истражување на пазарот. Таа исто така овозможува увид во тоа што луѓето најчесто гледаат, слушаат и купуваат.
За 2017 година оваа компанија спровела истражување за тоа кој е најзастапениот музички жанр. Таа наведе дека хип-хопот за прв пат ја надминал рок музиката како досега најпопуларен музички жанр во САД.
Тие во текот на истражувањето навеле 10 најпопуларни уметници на целата сцена, а во предвид ги зеле продажбата на албуми, аудио и видео стримингот на интернет и други параметри. Меѓу артистите, најпопуларни се Дрејк и Кендрик Ламар, додека помеѓу останатите 10 се најдоа и Future, The Weeknd и Еминем.