Категории

Хирург ја изврши првата операција на мозок преку 5G на пациент оддалечен 3.000 км

Хирург во Кина ја изврши првата oперација од далечина на мозокот во светот користејќи 5G технологија, додека пациентот беше на повеќе од 3.000 км оддалеченост.

Пациентот, кој страдал од Паркинсонова болест, добил имплант за длабока мозочна стимулација (ДБС) во Пекинг за време на процедурата која траела три часа, објавуваат од Кина.

Хирургот, д-р Линг Жипеи, управувал со инструментите од островот Хаинан кој се наоѓа во близина на јужниот брег на Кина и на Виетнам, додека Пекинг, каде што била извршена операцијата, се наоѓа на северниот дел. Познато е само дека користел мобилен Интернет за да ги движи роботите речиси во реално време.

Д-р Линг вели дека се надева дека во иднина ќе можеме да ги искористиме бенефитите на 5G мрежата за што повеќе болници во светот да можат да вршат вакви операции на пациенти. Операцијата била овозможена од мрежата на China Mobile и технологијата на Huawei за 5G. По процедурата пациентот на кој му бил вграден имплантот изјавил дека се чувствува добро.