Категории

ХИТ ВО БУГАРИЈА: За матура ја избра мајка си за партнерка

Матурант од Велико Трново, Бугарија, ги изненади своите сограѓани и соученици откако се појави на матурската прослава заедно со мајка си.

Дуото мајка-син привлече многу погледи и комплименти и стана вистински хит во Бугарија.

19-годишниот Кристијан Иванов ја избра младоликата Анелија за партнерка на свеченоста, а многумина едвај можеа да поверуваат дека таа е негова мајка.

Кристијан со мајка си Анелија

Анелија со двата сина

02

Иако Анелија, која има и помал син, на почетокот се двоумела дали да ја прифати поканата, на крајот решила да му ја исполни желбата на својот син. „Се двоумев дали да прифатам, затоа што не знаев што ќе си помислат неговите врсници и сите останати луѓе. Идејата да го придружувам на црвениот тепих беше целосно негова и тој упорно настојуваше да го споделам тој важен момент со него, но не отстрана како другите родители, туку до него, за рака“ – изјавила таа.

03

04

05

Пријателките на Анелија ја убедувале да ја прифати поканата, бидејќи во денешно време многу млади лица се срамат од родителите и дури не сакаат да се фотографираат со нив.

06

07

08

Прегледи:
506
Објавено на:
31.05.2016