Холивудската актерка Шарлиз Терон покрај својот актерски талент, воодушевува и со одличниот изглед.
Неодамна, Шарлиз била во сончевиот Кабo каде уживала со децата и пријателите по повод Денот на благодарноста.
Русокосата убавица која иако нема среќа во љубовта, таа воопшто не изгледа осамено, бидејќи нејзините две посвоени деца се главниот извор на среќа во животот. Ова е сигурно една од причините зошто актерката постојано блеска.
Откако нејзините фотографии во бикини се појавија во јавноста, многу жени позавидеа на совршената линија.