Свадбата претставува крунисување на љубовта, почеток на заедничкиот живот, славење на една ново поглавје во животот каде што добивате партнер кој ќе стои покрај вас во секоја животна ситуација, во добро и лошо.
Славењето на љубовта вреди да биде прославено на вистински начин, онака како што доликува во кругот на семејството, пријателите и соработниците. Амбиентот, атмосферата, музиката, храната и условите со кои располага еден угостителски објект се од клучно значење за секоја свеченост, а особено кога станува збор за посебниот ден во животот на секој човек, денот на стапување во брак со саканата личност.
Младиот брачен пар Салиу, успеаја да ја претворат својата замисла во реалност и да ги пречекаат своите гости на спектакуларната свадба која се одржа овој викенд во реномираниот „Хотел Континентал“.
Иако подготовките пред свадбата навистина претставуваат голема обврска, овие заљубени млади луѓе беа одлучни кога стануваше збор за локацијата и просторот за крунисување на нивната љубов. И секако, тоа се покажа како вистински избор.
Романтично осветлување, многубројни среќни лица, совршена декорација, вкусни специјалитети, спој на ромската традиција и модерниот стил на живеење – сето тоа создаде совршени услови за прославување на нивната љубов под ѕвездите.
Во големата градина на „Хотелот Континентал“ се одржа свадбата за која ќе се зборува уште долго, а професионалниот обучен тим на овој хотел уште еднаш докажа дека совршено може да се справи во секоја ситуација, па дури и кога станува збор за свадба со 600 гости. Беспрекорна услуга, почитување на традицијата, шаренило од бои и многу среќа е она по што ќе се памети оваа голема свадба.
Доколку се подготвувате за вашата свадба, погрижете се да го изберете најдоброто. Изберете искуство и традиција, изберете професионален тим, изберете љубов и среќа, изберете го „Хотел Континентал“!