Категории

Храна која ќе го подобри функционирањето на вашиот мозок

Може се трудите да се храните поздраво за да избегнете некое воспаление, масти во крвта, посјајна коса и кожа, но што велите конечно да се потрудите да „го нахраните“ вашиот мозок? 

Врската меѓу исхраната и здравјето на мозокот, почнувајќи од тоа како да си ја подобрите меморијата па се до превенирање на рана Алцхајмерова болест која во последно време зема се поголем замав. Нутриционистот Ребека Кац напиша книга „The Healthy Mind Cookbook“, во која опишува која храна е најдобра да се консумира со цел мозокот подобро да ви функционира.

– Порано научниците веруваа дека како што старееме така умираат нашите мозочни клетки. Но, сега, докажано е дека мозочните клетки се регенерираат, поради здравата исхрана и редовното вежбање. Ако се хранете здраво, се грижите за вашето тело и консумирате одредени намирници, тогаш вашиот мозокот ќе биде здрав и на 70 години, смета Ребека.

Кои се тие намирници?

  • Леќа

Леќата содржи фолна киселина од B витамин, кој му помага на мозокот да го одржи остар, но и тијамин и витамин В, кој ви дава повеќе енергија и железо, клучни за когнитивните функции.

  • Нане

nane-caj

Нането има витамин А, кој ги подобрува вештините за учење и ја зајакнува мозочната пластичност. Содржи и витамин С, кој ги одржува јаки когнитивните функции.

  • Семки од тиква

Овие семки се полни со железо благодарение на минералното трио од калиум, магнезиум и калциум, кои исто така се добри за когнитивните функции.

  • Карфиол

Витамин К е основна супстанца на карфиолот, благодарение на кој мозокот е млад, остар и му овозможува добра работа.

  • Бадеми

Познати се по тоа што го подобруваат расположението и го подигаат нивото на серотонин, хормонот на добро расположение и намалување на депресијата.

  • Сардини

sardini1

Мозокот ги обожава рибите. Сардината, како најздрава риба за мозокот содржи витамин В12, кој ја подобрува меморијата и се бори против депресијата. Исто така, богата е и со омега 3-масни киселини, кои ја зголемуваат енергијата.

  • Цвекло

Цвеклото е мошне хранливо, со што го подобрува крвотокот во мозокот, а со ова се подобрува и неговата работа. Содржи и витамин В9, кој ја спречува деменцијата.

  • Индиски ореви

Овој вид на јаткасти плодови во себе содржат цинк и магнезиум. Цинкот ги намалува минералите во мозокот кои се поврзуваат со депресијата и ја подобруваат меморијата, додека магнезиумот помага при регулирање на нередовното спиење и ги подобрува вештините за учење.

  • Цимет

Циметот во целост ја подобрува работата на мозокот, а исто ослободува некои специјални протеини, кои му помагаат на мозокот да генерира нови неврони, а старите ги одржува.

  • Темно чоколадо

temnocokolado

Овој прекрасен вкус, ни ги подобрува когнитивните функции, а исто така ни го заострува мозокот.

  • Ѓумбир

Како што жената влегува во своите 50-ти години, може да искуси намалување на работата на мозокот, но ѓумбирот е овде да го превенира тоа. Исто така, одличен е да се консумира за време на менопауза, бидејќи помага при меморијата и фокусирањето.

Прегледи:
509
Објавено на:
29.01.2016