Категории

Хранеле мало гладно мече, а оттогаш постојано се враќало кај нив!

Во Гуњани, Сараево едно семејство пронашле мало мече кое било старо само два месеци. Гладно и исплашено, малото мече кое делувало беспомошно било нахрането од страна на семејството Бечар, а кога закрепнало го пуштиле назад во природата. Но, оттогаш тоа постојано се враќало кај нив. 

Тие знаеле дека не може да се грижат за мечката, па затоа грижата за неа ја презела управата на зоолошката градина „Пионирска долина“.

„Прво, треба да ја прегледаме мечката за да видиме дали е здрава. Ќе ја набљудуваме еден месец. Сите сакаме бебето Аида да прерасне во здрава и убава мечка“, велат од „Пионирска долина“.