Категории

Овие македонски студенти ја вратија надежта за подобро утре

Игор Постолов од Струмица е млад човек кој и покрај својот инвалидитет има желба да стане психолог. Во текот на неговото студирање Игор покажа дека е и повеќе од храбар борец.

игор

Секогаш културен и воспитан, Игор никогаш не се пожалил и секогаш бил близок со неговиот клас на Институтот за психологија. Секогаш внимателен на часовите, Игор давал се` од себе за неговиот академски успех. Но, неговите колеги забележувале дека и покрај неговиот труд, Игор доцнел со семинарски и домашни задачи. Подоцна тие дознале дека Игор всушност нема лап топ и интернет. Исто така, дознале дека Игор живее во ужасни услови во студентскиот дом Стив Наумов, кадешто нема лифт ниту пак интернет неопходен за неговите задачи. Сепак, Игор молчел.

2

За среќа, постојат луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото и чии постапки ветуваат едно подобро утре. Имено, колегите на Игор за неговиот роденден, под раководство на нивната координаторка Кристина, успеале да соберат 18.000 денари и да ги покријат трошоците за интернет и да му купат лаптоп. И секако, да го изненадат за неговиот роденден.

Прегледи:
669
Објавено на:
04.03.2016