Категории

Хуманоста се покажува со дела: Вработените и клиентите од CrossFit Skopje ја наполнија кутијата на „Копче“ за донирање облека!

Хуманоста постои во различни облици и се покажува преку дела. Не секогаш сме во можност да помогнеме секому на кому му е потребна помош, но сепак може да се потрудиме секојдневно да изнудиме насмевка на нечие лице.

„Копче“ е проект на Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. 

„Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

 

Вработените и клиентите од CrossFit Skopje, ја покажаа на дело својата желба до помогнат и усреќат некого. Во текот на денешниот ден беше поставена кутија за донирање облека во нивниот фитнес центар, а тие веќе дојдоа подготвени полнејќи ја кутијата со облека за оние на кои таа им е најпотребна.