Категории

И Дедо Мраз има ковид пропусница: Ова е најновата божиќна реклама за која сите зборуваат

Реклама од 90 секунди која ги води гледачите низ сценарио кое потенцијално би можело да ја загрози овогодинешната свеченост.

 

Како се приближуваат божиќните и новогодишните празници, компаниите се натпреваруваат која од нив ќе објави пооригинална реклама. „Tesco“ е еден од супермаркетите кој и се придружи на трката, а за неговата реклама зборуваат сите.

Многумина немаа можност да го поминат минатиот Божиќ со семејството, а оваа реклама од 90 секунди ги води гледачите кон сценарио кое потенцијално би можело да ја загрози овогодинешната свеченост.

Во рекламата се прикажани некои од проблемите кои ја погодија Велика Британија за време на пандемијата и во еден момент можеме да го видиме Дедо Мраз кој е во опасност да биде приморан да оди во карантин.

Тој пристигнува на аеродромот, ја покажува својата ковид пропусница и проаѓа покрај контролата без проблем.

Прегледи:
494
Објавено на:
24.11.2021