Категории

И во канцеларија може да го нарушите здравјето: Овие работи оставаат последици врз него!

Компјутерите се неизбежно средство при работењето, па тешко е да се избегне нивното повеќечасовно користење. Таквиот начин на живот негативно влијае врз здравјето, а какви последици носи и што може да преземеме во врска со тоа?

Поради прекумерното седење пред компјутер најзагрозен дел е токму кичмата. Освен кичмата, загрозени се и дланките и подлактиците, особено раката со која го користиме маусот. Индиректно, поради слабо движење се загрозени и крвните садови, истакнуваат стручњаците.

Седењето е всушност присилна положба на телото

Човековиот организам не е создаден за долготрајно задржување во една положба. Без обзир на тоа дали стоиме или подолго време седиме, лежиме, секогаш поради таквата присилна положба на телото страда еден ден од мускулно-коскениот и зглобниот систем.

Додека седиме пред компјутер, задржувањето на главата во подигната положба дополнително ја влошува деформацијата. Вратните мускули се нерамномерно оптеретени, предната група се скратува, а задната прекумерно се истегнува, поради што доаѓа до замор што резултира со стврднати вратни мускули и болка.

Болките од вратниот дел може да се прошират и на рамениците и рацете, а можна е и појава на мачнина и вртоглавица.

Најдете го спасот во движењето!

Во иднина уште повеќе работните места ќе бидат поврзани со компјутерите и седењето. Кога веќе сме приморани на ваквиот вид на работа, секако би требало повремено да ја прекинеме присилната положба, да се истегнеме, да одвоиме неколку минути за изведување на вежби за истегнување и лесни вежби за одржување на тонусот на ослабените мускули и кичмата.