Сместување, музеј, храна, излегувања се само некои од факторите по кои овој град ја освојува титулата на град со најприлагодливи цени за туристичка посета.
Доколку планирате кратка посета на некоја земја оваа пролет, а не сакате да ве чини многу, Краков е апсолутно најдобриот избор, според годишната листа на најевтини и најскапи дестинации во Европа.
На листата се нашле 36 европски градови, кои се рангирани според 12 клучни финансиски ставки, а најскапиот европски град е секако Амстердам.
Во продолжение погледнете ја целосната листа и одлучете која ќе биде вашата следна дестинација.
1. Краков, Полска
2. Вилјнус, Литванија
3. Рига, Летонија
4. Варшава, Полска
5. Будимпешта, Унгарија
6. Москва, Русија
7. Прага, Чешка
8. Атина, Грција
9. Лисабон, Португалија
10. Лил, Франција