Категории

Идеалниот празничен подарок за секоја фаза од љубовната врска

Празниците се приближуваат, па многумина размислуваат што да им подарат на своите најблиски. Оние кои се во љубовна врска се борат со одлуката што би било најдобро да му подарат на својот партнер. Но, соодветен подарок може да изберете во зависност од тоа во која фаза од врската се наоѓате и колку вашите односи се сериозни. Погледнете го овој водич кој ќе ви помогне да го изберете идеалниот подарок за вас.

Заедно сте 2 или повеќе години

Ситуација: Долга врска

Подарок за неа: Обетки

Обетките се одличен подарок и ги користи речиси секоја девојка, па со нив нема да погрешите ако сте во сериозна и долга врска. Ова е романтичен и модерен додаток што ќе ја направи среќна вашата понежна половина.

Подарок за него: Модерен часовник

Секој маж треба да има барем еден часовник во својата колекција модни додатоци. Постои голем избор на модерни и практични часовници, а за да бидете уникатни оваа година, можете под него да изгравирате некоја омилена порака или пак вашите иницијали што ќе ви ја симболизираат љубовта.

Заедно сте од 1 до 2 години

Ситуација: Сериозна врска

Подарок за неа: Ѓердан или гравирана нараквица

Не постои жена што не ги сака ѓерданите, па така, со овој избор нема да погрешите. Можете да изберете златен, сребрен или пак, бижутерија. Исто така добар избор е и нараквицата. Доколку не сте обожаватели на шопингот, секогаш имате опција да нарачате онлајн, а можете да се советувате и со некоја нејзина пријателка, за да бидете целосно сигурни дека ќе го направите вистинскиот избор. За дополнително да ја изненадите, изгравирајте некоја кратка и симпатична порака на ѓерданот или пак на нараквицата.

Подарок за него: Приврзок

Подарете му уникатен приврзок кој секогаш ќе го носи со себе на своите клучеви. Можете да направите еден со ваша заедничка слика или пак да изгравирате некоја посебна порака која е значајна за вас двајцата. Исто така можете да го напишете и датумот на кој вие двајца сте ја започнале вашата врска или пак, вашите иницијали. Ова е одличен знак на внимание кој ќе ја искаже вашата љубов.

Заедно сте од 6 месеци до 1 година

Ситуација: Подготвени сте да се посветите еден на друг

Подарок за неа: Едноставен накит

Накитот е добар подарок со кој ќе ѝ покажете на вашата партнерка дека внимавате на неа. Во оваа фаза сигурно тукушто сте ги изговориле зборовите „Те сакам“ или пак во овој период ќе ги кажете за прв пат. Најдобар празничен подарок и во оваа фаза е накитот, но сепак, поедноставен. Не треба да купувате дијаманти или злато, туку малите и нежни обетки, ѓердан или нараквица, би одговарале совршено на вашата ситуација.

Подарок за него: Еден викенд поминат со вас

Кога почнувате да бидете сериозни, најдоброто нешто што можете да го направите за вас двајцата е да поминете еден викенд заедно, за подобро да се запознаете еден со друг. Испланирајте го вашето празнично викенд патување и уживајте во заедничките моменти.

Заедно сте од 3 до 6 месеци

Ситуација: Нов пар

Подарок за неа: Букет цвеќе или шише вино

Во оваа фаза не треба да претерате со подароците, треба да бидете романтични, но во умерена доза. Букет цвеќе или пак шише вино е добар подарок со кој ќе го искажете вашето внимание во оваа фаза од врската.

Подарок за него: Уплатете масажа за него

Денес, речиси секој работи напорно и одвреме-навреме секому му е потребна масажа за релаксација. Затоа, наместо да го масирате вие, подарете му стручен третман. Со ова ќе покажете дека не сакате да ги брзате работите во вашата врска, но дека сепак внимавате на него.

Заедно сте 2 месеци или помалку

Ситуација: Сѐ уште не знаете на што сте

Подарок за неа: Не треба подарок, туку може да испланирате некоја заедничка забавна активност

Подарок за него: Истото важи и за него

Ако сте заедно помалку од два месеци, подарокот сѐ уште не е погоден за вас, но тоа не значи дека не можете да направите ништо еден за друг. Испланирајте некоја заедничка забавна, празнична активност и тоа ќе ви биде повеќе од доволно.

Прегледи:
819
Објавено на:
20.12.2016