Категории

Играла лотарија само за да му докаже на сопругот дека тоа е залудно фрлање на пари: Освоила 1 милион долари!

Госпоѓа Гленда Блеквел од американска Северна Каролина купила грепка за 10 долари, само за да му покаже на својот сопруг дека не е лесно да се добие на лотарија и дека за џабе ги троши парите.

Гленда Блеквел се обидела со сопствен пример да му докаже на нејзиниот сопруг дека за џабе ги фрла парите играјќи лотарија, па купила грепка од 10 долари.

Сепак, потоа се случило нешто на што таа воопшто не се надевала, а тоа е дека нејзиниот сопруг бил во право. Зошто? Затоа што оваа госпоѓа од Северна Каролина благодарение на таа грепка станала милионерка, односно добила 1 милион долари на лотарија, пренесува The Huffington Post.

„Морав да го прегризам јазикот“, рекла таа откако сфатила дека на лотарија добила сума на пари кои што дефинитивно ќе ѝ го променат животот.

За американските медиуми оваа 57-годишна жена раскажува дека сега со парите таа и нејзиниот сопруг ќе купат нова куќа,  ќе ѝ помогнат на нивната ќерка и ќе ги обезбедат парите за школување на нивните внуци.

glenda-lotarija-milion-dolari-tocka-2016-02

Прегледи:
441
Објавено на:
28.10.2016