Категории

ИКЕА ги создаде најпознатите дневни соби од The Simpsons, Friends и Stranger Things со свој мебел

Постојат дневни соби кои ни изгледаат толку познато што имаме впечаток дека сме живееле во нив. Пораснавме со култните серии Симпсонови, Пријатели, а нивниот животен простор сѐ уште можеме да го замислиме бидејќи го гледавме секојдневно. 

Поттикнати од оваа идеја, кампањата „Ikea Real Life“ е дело на агенцијата Publicis Spain, а за нејзиното создавање биле потребни 2 месеци со цел да се пронајдат соодветните парчиња мебел кои се продаваат од страна на Икеа со цел реално да се рекреираат дневните соби од трите споменати телевизиски серијали.

Собите ќе се најдат и во неколку изданија на ИКЕА-каталози, а ќе бидат рекреирани и „во живо“ на неколку локации ширум Блискиот Исток.

Погледнете како изгледаат!

The Simpsons

Friends

Stranger Things

 

Прегледи:
577
Објавено на:
03.06.2019